Регионално

Иво Генчев: 2022 е предизвикувачка, но се чини и една од најуспешните во регионов

06 Dec 2022
Иво Генчев, регионален менаџер за пазарите на јужниот Јадрански регион во „Монделез интернешнл“ (спаѓаат пазарите на Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово) зa instore.mk зборува за комплексноста на овој дел од регионот, остварените резултати и значењето на одржливиот развој. 
 
Во „Монделез интернешнл“ сте задолжени за јужниот дел од Јадранскиот регион. Како би ги опишале овие пазари, кои се клучните карактеристики и можности? 
 
Кога дојдов на позицијата во 2016 година, не ни насетував како богатство ќе запознаам - различни култури, луѓето од ова поднебје, нашите партнери, специфичностите на пазарот, сите предизвици и можности. Сега, по повеќе од шест години, би рекол дека овие пазари се единствени и различни, а ако бме прашате за првата асоцијација, би рекол дека тоа е неверојатното гостопримство. На овој дел од регионот има повеќе од 7 милиони луѓе со различна култура и традиција каде потрошувачката по глава на жител е пониска во однос на другите пазари во ЕУ. Сепак, тоа не им пречи на секој чекор да покажат дружељубивост и гостопримство. Исто така, потрошувачите од овој дел на Европа се и ценовно ориентирани, а квалитетот на производите е од примарно значење при носењето одлука за купување. Сето ова бараше прилагодување на нашата стратегија, поинаков пристап, фокус и начин на работа. Имајќи ги во предвид сите карактеристики на поединечните пазари, креиравме долгорочна стратегија и јасна улога во овој дел на регионот, цврсто верувајќи дека има можности за пораст. И мораам да признам дека таков пристап даде сјајни резултати - од 2016 година заедно со нашите дистрибутери континуирано го јакнеме и значително го шириме работењето водејќи сметка за принципите на одржливост. Успехот е позначаен кога на тоа ќе го додадете и истовремениот развој и раст на нашиот тим во овој дел на Јадранскиот регион, кој посветено придонесува на нашата визија да бидеме глобален лидер во категоријата грицки. 
 
 Во која мерка инфлацијата и моменталните економски показатели влијаат на работењето во вашата индустрија? Како „Монделез интернешнл“ се прилагодува на актуелните услови на работење?
 
Инфлацијата не е локална, туку е глобална појава. Имајќи го тоа во предвид, денеска е вистински предизвик успешно да се работи и да се остваруваат зададените цели. Во неизвесни времиња, луѓето имаат тенденција да трошат помалку, а од друга страна да купуваат производи и  брендови на кои им веруваат и кои освен рационалната корист, им нудат и дополнителна емоционална вредност. Нашите брендови како што се Milka, Oreo, TUC, Barni, како и брендовите на компанијата „Чипита“ што неодамна се приклучија во нашето „Монделез“ семејство, се сјаен пример на можни и успешни брендови кои луѓето ги сакаат. „Монделез интернашионал“ има јасна визија, а нашиот фокус во периодот пред нас ќе биде јакнење на присуството и дополнителен пораст на нашите брендови, како и фокусирање на нашето портфолио на генерирање најголем дел од приходот од категориите чоколадо, бисквити и пецива. 
 
Пред крај сме на годината, какви резултати очекувате во овој дел на регионот? Бележат ли некои брендови посебен успех?
 
Оваа 2022 е навистина предизвикувачка, но се чини дека ќе биде една од најуспешните за нашата компанија во овој дел од регионот. Раст остваруваме во речиси сите категории во однос на претходната година, првенствено во категоријата Milka чоколадо, додека уште посилен раст бележат и нашите Milka бисквити, TUC, Barni, BelVita и Chipita брендовите. За овие резултати се заслужни нашите тимови и партнери кои секојдневно придонесуваат за ваков успех и на кои во оваа прилика им се заблагодарувам. Верувам дека нашата посветеност, агилност и долгорочна визија се некои од клучните фактори за овој придонес. 
Многу е тешко од сите наши култни брендови да издвоиме еден кој ја одбележа годината. Покрај аквизицијата на „Чипита“ што го сметаме за еден од најголемите успеси во 2022, претставувањето на најнежната Milka чоколадакоја има унапредена рецептура, е она што ја одбележа годината. Значењето е поголемо имајќи во предвид дека ова е најголемата промена во брендот Milka во последните 25 години.  Токму кампањата посветена на претставување на овие најголеми промени на брендот Milka е совршен пример за импресивна егзекуција со одлични перформанси на сите наши пазари, а првите резултати покажуваат исклучително позитивни реакции. 
 
Кога зборуваме за брендовите, што е неопходно за успех на еден бренд, посебно имајќи ја во предвид целата сложеност на пазарите за кои сте задолжени?
 
За мене лично, брендот претставува нешто што јасно се издвојува од останатите кои нудат сличен производ, кои будат силна емоција и креираат единствена врска со потрошувачот, нешто што го познавам и во што верувам. Ќе дадам пример од моето детство - омилен производ за мене како дете беше чоколатка Република, локален бренд што го произведуваше првата фабрика за чоколадо во БУгарија. Моите родители, но и многумина кои ме познаваа, знаеја дека тоа е чоколада што ја сакам и во чиј вкус уживам. И токму затоа ја добивав како подарок во секоја мала, а и поголема прилика. Овој производ ми е еден од омилените и ден денес затоа што за мене има вкус на детството, што е во директна врска со претходно спомнатата емоција што еден бренд треба да ја буди кај потрошувачот. 
Точно е дека овој дел од Јадранскиот регион е прилично комплексен со сите сличности и разлики. Нашата сила леѓи токму во посветеноста на развојот на нашите брендови, детално разгледувајќи ги и земајќи ги во предвид сите пазарни карактеристики на чија основа ја дефинираме и имплементираме стратегијата, за сега многу успешно. 
 
Компаниите посветуваат се поголемо внимание на одржливото работење. Кои активности „Монделез интернешнл“ ги спроведува во оваа област? 
 
„Монделез интернешнл“ на глобално ниво развива неколку успешни програми кои придонесуваат за одржлив развој, токму во оние области што за нас се најзначајни и во кои можеме најмногу да придонесеме. Најважните цели кои ги поставуваме во областа на одржливост се насочени на одрживо одгледување на пченица и какао, нашите најзначајни состојки кои ги користиме во производството, како и на намалување на амбалажниот отпад и намалување на влијанието на климатските промени. Нашата
„ Cocoa Life’’ програма за одржливо одгледување какао до 2030 година ќе го поддржиме со дополнителни 600 милиони долари за да придонесеме за унапредување на заедниците во кои какаото се одгледува и да го зголемиме бројот на фармери опфатени со оваа програма. Горди сме и на резултатите во остварување краткорочни и долгорочни цели во одржливоста, прикажани во нашиот годинашен „Snacking Made Right” извештај. Во областа заштита на животната средина, ја намаливме емисијата на CO2 за петтина, додека речиси третина од електричната енергија што се користи во нашите операции доаѓа од обновливи извори на енергија. Покрај тоа, 95 отсто од амбалажата е дизајнирана така што може да се рециклира. И натаму ќе останеме посветени на остварување на целите од областа на одржливост бидејќи сакаме да ги унапредиме заедниците во кои работиме и да бидеме препознати како доверлив партнер во решавање на прашањата за климатските промени и амбалажниот отпад.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...