Регионално

Лаурентиу-Флорин Димитриу, „Нестле“: Претприемачки начин на размислување

10 Dec 2020

Вкупно гледано, задоволни сме со резултатите во Хрватска, тоа што постигнавме присутност во дури седум категории, следење на здравите трендови и соработка со трговските партнери по пат на традиционални и онлајн канали

Подготви: Јелена Домовиќ, jelena@b2bmedia.org

Лаурентиу-Флорин Димитриу ја почнал кариерата во 1993 година, по дипломорањето на Политехничкиот универзитет во Букурешт, и тоа како инженер во фабрика. Потоа работел за ДХЛ и за Нестле дистрибутер во Романија. Голема пресвртница за него бил моментот на транзиција од инженерство во секторот продажба и менаџмент, преминувањето од локално во мултинационално деловно опкружување.

Во Хрватска дојде пред година ипол, кога од позиција извршен директор на продажба за романскиот пазар, помина на сегашната позиција. Тоа што со задовослтво може да се истакне е дека тој и неговата сопруга, но и нивните две кучиња, одлично се прилагодија на овдешниот начин на живот. Хрватска е прекрасна земја, а особено не одушевија природните убавини-морето, планините, градот со многу зеленило и прекрасни паркови.

За кои земји сте задолжени, и што накратко подразбираат вашите обврски? Како изгледа еден ваш работен ден?

Како генерален директор за Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, задолжен сум за надзор над целото работење на компанијата, што вклучува и развој на нови визии и насоки за работење и креирање работни тимови и нивно мотивирање.

Настојувам да бидам активен од рано утро-денот го почнувам со рекреација на собен велосипед, а првото утринско кафе го пијам додека читам деловни извештаи. После следуваат состаноци со менаџерските тимови од сите три земји. На секојдневниот распоред се и интерни коминикации со вработените за актуелни теми, како и работни состаноци со претставници на управувачкиот тим. Денот настојувам да го завршам со шетање во Загреб.

Со оглед на вашето 19-годишно искуство во Нестлé Романија, можете ли да повлечете паралела со хрватскиот пазар, да кажете некои сличности и разлики?

На забрзаниот развој на романскиот пазар му претходеше доаѓањето на големи меѓународни компании како што се „Карфур“, „Кауфленд“, „Лидл“, „Метро“ и други во раните 2000-ти, кои со своето искуство од развиениот пазар значително влијаеа на развој на категориите, а посредно го обликуваа и мојот пристап. Од друга страна, хрватскиот пазар го обележаа силни локални играчи. Тоа што би го истакнал како сличност се културата на конзумација на кафе и уделот на модерната трговија од 70 отсто, што е одлична можност за разменување исккуства меѓу двете земји во сите продажни канали.

Во „новото нормално“ многу работи ги преселивме онлајн, но нашите стандарди за работење и грижата за вработените  останаа исти.

Постојат ли сличности и разлики кои ги воочивте меѓу пазарите во Словенија и БиХ во однос на хрватскиот пазар? 

-Големо влијание врз нашето портфолио прават навиките на потрошувачите во одделни земји. Нив ги обликува цела низа фактори-од разлики во куповната моќ, влијание на различните пазари(потрошувачите во Словенија се свртени кон западните пазари, како што се Австрија и Германија, пазарот на БиХ е традиционален, додека хрватскиот пазар е комбинација на западно и традиционално влијание). Тука се и концентрацијата во малопродажбата и уделот на модерната трговија, кој во Словенија е 90 отсто, во Хрватска е 70 отсто, а во БиХ е 55 отсто.

Како работите со трговските синџири? Како нивното окрупнување влијае врз вашето работење? Како работите со малите продавници?

Континуирано ги развиваме релациите со трговските синџири и групации преку развивање на категориите. Во таа насока сме една од најиновативните компании. Со помош на нашиот дистрибутер остваривме одлична соработка со локалните партнери, кои и во исклучително предизвикувачка година беа отворени за заедничко наоѓање решенија.

Ситуацијата со Ковид-19 не заобиколи никој. Колку моравте да ги менувате процедурите внатре во компанијата и како таа ситуација се одрази на продажбата?

Глобалната пандемија не наведе да го прилагодиме начинот на работа според начелото САС -safety, action, solidarity (безбедност, акција, солидарност) . Стратегијата подразбира сигурност на нашите вработени, купувачи и деловни соработници преку осигурување на условите за работа од дома и почитување на сигурносните мерки. Осигуравме редовно снабдување на потрошувачите со своите производи, а солидарноста кон локалната заедница ја покажавме преку бројни донации во соработка со Црвен крст.  

Што се однесува до работењето, во првата половина од годината забележавме позитивни резултати во сегментот кулинарски производи, кафе и храна за домашни миленици и пад во категориите чоколадо и ХоРеКа. Вкупно гледано, задоволни сме со резултатите во Хрватска, што постигнавме присутност во дури седум категории, следење на „здравите“ трендови и соработката со партнерите по пат на традиционални и онлајн канали.

Важите за општествено-одговорна компанија со бројни проекти. Кои два-три проекти ви се најважни?

Вредностите на Нестлé  се вкоренети во односот кон себе, кон заедницата и кон околината. ПОради тоа се фокусираме на поддршка за локалната заедница преку проекти како што е „Вртам здрав филм“, кој оваа година одбележува десет години во основните училишта, а се занимава со теми за правилна исхрана и редовни физички активности. Темата за одржлив развој ја опфативме преку нашата актуелна едукативна кампања Бирај зелено“ наменета за милениумците, а организиравме и виртуелна работилница за студенти од Хрватска, Србија, Бугарија и Романија, кои слушаа предавања од експерти од „Нестле“ за различни аспекти на работењето во продажба, маркетинг, набавки, финансии, планирање на понудата и побарувачката, до човечки ресурси и комуникација.

Познато е, исто така, дека вложувате во своите вработени...

Во „новото нормално“ многу работи ги преселивме онлајн, но нашите стандарди за работење и грижата за вработените  останаа исти. Во последните месеци направивме неколку онлајн едукации за вработените за еми како што се е-работење и работилници од сегментот управување со стрес, за сите што полесно да се соочат со новонастанатите околности и да ја задржат позитивната работна атмосфера. Исклучително ми е драго што повратните информации се одлични и што создаваме дополнителна вредност за нашите вработени.

Во последната година ипол повеќе се отворивте кон медиумите. Што ве поттикна на тоа?

Во Хрватска главно сме препознатливо по кафето и по чоколадото, но ние сме многу повеќе од тоа. Сакаме да ѝ се претставиме на локалната заедница кои сме како компанија, што работиме и кои вредности ги застапуваме, а најдобар партнер за тоа ни се токму медиумите. Пред нас има многу работа, нови проекти и предизвици за кои се надевам дека успешно ќе ги споделиме со локалната заедница.

Имате ли порака за читателите на InStore магазин?

За во иднина да останеме успешни, мора да го усвоиме она што јас го викам СЕМ начин на размислување-да се однесуваме како старт-ап со претприемачки начин на размислување. Тоа може да се постигне со силно пратнерство со трговците, постојани иновации и следење на потрошувачките трендови, како и развивање на онлајн работењето и каналите на продажба.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...