Николас Стаменковиќ, сопственик на „Федор“
Иако е мал пазар, Македонија може да се пофали со стартапи кои нудат навистина квалитетни производи и услуги. Во темата на InStore објавена во мајското издание на магазинот зборувавме со Никола Стаменковиќ, сопственик на „Федор“, производител на органски и луксузни сапуни Fedor.
Kако се раѓа успешен стартап?
Мислам дека не постои унифицирано правило како се раѓа успешен стартап. Тоа е сплет на добра идеја, огромна желба да се направи нешто ново, што го нема на пазарот, можност за финансии неопходни да се спроведе идејата и спремност да се еволуира со идејата и да се адаптира на пазарот откако ќе се отвори стартапот.
Кои се главните предизвици со кои се соочувате на патот од идеја, производство до полица во маркет? Сметате ли дека трговските синџири треба да им дадат повеќе простор на стартапите за да ги претстават своите производи?
Главните предизвици со кои се соочуваат стартапите се: финансиите, времето кое треба да се отстапи, жртвувањето од тоа што моментално се работи бидејќи се ангажираат ресурси, како материјални така и временски. Потребно е да се направи филтрирање на приоритетите во интерес на производството на готов продукт кој може да се пласира во продажба, анализа на конкуренцијата, обезбедување на сите потребни документи, сертификати неопходни за еден производ да може да се изложи на полица. Во поглед на соработката со трговските синџири, апсолутно дека треба да им помогнат на стартапите, не знам како досега никој од нив не се сети дека со промоција на тие продукти и тие се издвојуваат како синџир кој придонесува за развојот на нови производи, а истовремено прави самореклама како општествено одговорна компанија.
Создавањето стартап е сплет на добра идеја, огромна желба да се направи нешто ново, спремност да се еволуира со идејата и да се адаптира на пазарот откако ќе се отвори стартапот.
Што е неопходно за да се развие стартап-сцената во Македонија? Што може да се смени или подобри за поголема поддршка на овие компании?
Милион нешта.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.