Анализи

Ипсос: Значењето на купувачот низ светот

22 May 2013

Потрошувачите низ целиот свет се подготвени да одвојат повеќе пари за амбалажа што подолго ги чува свежи храната и пијалаците. Тоа го покажаа истражувањата што ги спроведе „Ипсос Ино Квест" преку „Ipsos Global @dvisor Omnibus". Интервјуирани се 19.883 полнолетни граѓани во 26 земји од светот.

Жителите од некои земји, особено високообразованите, подготвени се да платат повеќе за амбалажата што ја чува свежината на храната и пијалаците и истовремено е еколошка – тоа е еден од заклучоците на истражувањето. Освен за ваквата амбалажа, потрошувачите од целиот свет велат дека се подготвени да платат повеќе и за амбалажата што може повторно да се употреби (можноста за повторна употреба за други намени кога производот ќе се потроши) и амбалажата што е поедноставна за употреба (на пример, полесно се отвора, се држи или се сипа од неа).

Критериуми:

  • Подолго ја одржува свежината на храната 55%
  • Еколошка 55%
  • Може повторно да се употреби 42%
  • Поедноставна употреба 39%
  • Спречува неред и истурање 34%
  • Ја одржува вистинската температура на храната и пијалаците 33%
  • Ја олеснува консумацијата во движење 31%

Земји што покажуваат најголемо интересирање за амбалажата што подолго ја одржува храната свежа:

  • ЈАР 76%
  • Малезија 74%
  • Индија 67%
  • Русија 66%
  • Сингапур 65%
  • САД 64%

Земји што покажуваат најголемо интересирање за еколошка амбалажа:

  • Мексико 71%
  • ЈАР 71%
  • Индонезија 67%
  • Малезија 65%
  • Кина 64%
  • Турција 64%
     


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...