Го олеснуваат животот на луѓето, ги поттикнуваат на купување, а одредени брендови ги прават препознатливи.
Автор: Абигејл Лоренс, ИГД
Во последните години развиени се повеќе од неколку стотици илјади апликации за смарт-телефони (smartphone), што се „грижат" за секое подрачје од нашиот живот. Со толку голем број нови апликации, купувачите можат да бидат збунети при изборот или, како јас, да имаат неколку стотици преземени апликации од кои само неколку секојдневно ги користат. За производителите на стоки за широка потрошувачка и трговците е предизвик да создадат апликација што ќе се занимава со купувачите, ќе нуди нови можности и ќе ги мотивира повеќе и почесто да купуваат.
IGD неодамна објави листа на врвните десет апликации, што ги открива најдобрите примери во прехранбената индустрија и во трговијата. Тука ќе истражиме не само како се развиваат апликациите за да ги задоволат потребите на купувачите, туку и како го менуваат начинот на кој се купува.
Неопходност
Во секторот на трговија владее голема „турканица" и многу е тешко да се издвоите од 650.000 апликации што досега се достапни. Овие иновативни апликации пронаоѓаат нов начин како животот на купувачите би им го направиле полесен, повозбудлив, а одредени брендови на овој начин стануваат и препознатливи. Таквите апликации се атрактивни, добро осмислени, едноставни за користење и имаат широка намена.
Новите улоги на апликациите
Заштеда на време
Една од најпривлечните карактеристики на која било апликација е заштеда на време и олеснување на животот на денешниот урбан потрошувач. Тоа се апликации што ги поедноставуваат секојдневните задачи. На пример, „Волгринс" (Walgreens) во Соединетите Американски Држави (САД) посебно внимание посветува на функционалноста на своите апликации – нивниот промотивен каталог можете да го преземете на својот уред, што ви овозможува да направите шопинг-листа, каде што можете едноставно да го скенирате својот последен рецепт и повторно да го нарачате лекот што ви е потребен. Исто така, овозможува да прикачите фотографија од телефонот што можете да ја печатите, па дури и ве потсетува кога треба да го земете вашиот лек. Сето ова е згодна мала алатка што секојдневните активности ги прави едноставни и брзи за купувачите.
Една апликација оди и понатаму од тоа, а развиена е во Германија. Barcoo е баркод-скенер, што исто така дава детални информации за производот, вклучувајќи ја и нутрициската вредност, а ги прикажува и сите податоци за производителот. Ваквите апликации истражуваат за вас, а со толку алатки што на потрошувачите им се „при рака", слободно можеме да кажеме дека влегуваме во доба на транспарентност на цените.
Повеќе можете да прочитате на електронското и печатеното издание на InStore број 1
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.