Свет

Сопственик на синџир маркети е најбогатиот човек во Германија

23 сеп 2020

Основачот на познатиот ланец супермаркети „Лидл“, Дитер Шварц, е најбогатиот Германец.

Ранг-листата на дневниот весник „Билд“ покажува дека овој 80-годишен основач на „Лидл“ и на ланецот „Кауфланд“ има имот вреден 41,8 милијарди евра.На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите „Јакобс“ и „Коти“ со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на трето е семејството на Волфганг Порше, сопственик на автомобилските гиганти „Порше“ и „Фолксваген“, со имот вреден околу 20 милијарди евра.

Вкупниот имот на 1.000 најбогати Германци, според „Билд“, во моментов достигнува вредност од 1,1 трилиона евра, што е за 0,76 проценти повеќе од минатата година.

Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардер, што е за осум помалку од минатата година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лореал“ после 15 години го менува извршниот директор

14 окт 2020

Кинеската економија се извлече од ковид-кризата

14 окт 2020

Полска: „Амазон“ вработи дополнителни 2.000 работници

14 окт 2020

Чипсовите Pringles ќе добијат нова амбалажа

14 окт 2020

„Нестле“ продава брендови вода во шишиња за 4,3 милијарди евра

14 окт 2020

„Алберт Хејн“ го проширува асортиманот вегански производи

14 окт 2020
Вчитува уште новости...