Американскиот онлајн гигант „Амазон“ до крајот на 2020 година ќе отвори дополнителни 7.000 работни места во Велика Британија, со што бројот на постојано вработените во таа земја ќе достигне повеќе од 40.000 лица.
Од компанијата соопштија дека годинава во Велика Британија веќе се отворени 3.000 работни места, а во потрага се за 20.000 сезонски работници кои ќе ги вработат за време на сезоната за божиќните пазарења.
Новите вработени на постојано работно време ќе помогнат „Амазон“ да ги подмири различните побарувања на потрошувачите и да им овозможи на малите и средните претприемачи кои продаваат преку гигантот, да го прошират своето работење.
Работниците ќе бидат распоредени на околу 50 локации, влучувајќи две нови складишта на североистокот и централниот дел на Англија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.