Од компанијата „Нестле“ порачуваат дека работат на развој на нова алтернатива за млеко, која ќе биде погодна и за вегани.
„Нестле“ веќе има широк асортиман на растителни производи од ориз, соја, кокос, овес и бадем, вклучувајќи ги и сладоледите Häagen Dasz во САД и пијалаците Nesfit од ориз и овес во Бразил и Австралија.
Новата линија пијалаци ја развива „Нестле Р&Д“ (истражувачки и развоен) центар во Швајцарија.
Преку многубројните процеси како што е есктракција на растителните протеини, ферментација и термичка обработка, компанијата има за цел да ја задржи високо хранливата вредност и кремастиот вкус сличен на кравјото млеко, без додаток на шеќер.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.