Свет

„Алди норд“ бара работници преку Инстаграм

13 Aug 2020

Германскиот трговски синџир „Алди норд“ објави дека отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм преку кој ќе бара кандидати за вработување. 

На профилот aldinord.karriere можат да се најдат информации за можностите за кариера во „Алди норд“. Достапните работни места ќе бидат објавувани преку видео-запис и фотографии, а администраторите на страницата ќе одговараат на прашањата на сите заинтересирани. 

Со новиот канал за регрутацијата на вработените сакаме да воспоставиме интеракција со потенцијалните кандидати, да одговориме на нивните прашања и дилеми и да покажеме што се случува зад „сцената“ во нашата компанија, соопштија од „Алди норд“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...