Свет

„Рекит Бенкисер“ ќе вложи 100 милиони фунти во брендови за дезинфекција

11 Aug 2020

Производителот на средства за домаќинството – „Рекит Бенкисер“ извести дека кварталните резултати се повисоки од очекуваните поради извонредно зголемената продажба на дезинфекциските средства Lysol и Dettol во текот на пандемијата на Ковид-19.

Компаративната продажба за трите месеци, заклучно со 30 јуни, се зголеми за 10,5%, што е речиси за 3% повеќе од прогнозираното. Забележан е и пораст на е-трговијата за повеќе од 60% во првата половина од годинава, која сега сочинува околу 12% од нето-приходите на групацијата.

„Рекит Бенкисер“ најави дека ќе вложи 100 милиони фунти (околу 111 милиони евра) во следните две години за да го забрза порастот на брендовите за дезинфекција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...