Свет

Пораст на продажбата на приватните трговски марки

04 Aug 2020

„Нилсен“ и Интернационалниот републикански институт (ИРИ) нотираа пораст на продажбата на приватните трговски марки за време на пандемијата на Ковид-19.

Податоците од „Нилсен“ покажуваат дека продажбата на приватните трговски марки во Франција значително се забрза за време на пандемијата. Според истражувачката агенција, прометот за трговските брендови се зголемил за 16%, додека А-брендовите имале пораст од само 6%.

Порастот на приватните трговски марки покажува дека потрошувачите почнуваат да го анализираат сопственото трошење, но и дека големите брендови им отстапија голем простор на трговските брендови, вели Емануел Фурне, директор за аналитика во „Нилсен“.

Според ИРИ, продажбата на приватните марки се зголемила за време на пандемијата, особено во Франција и во Италија, додека во другите земји се забележува мало забрзување.

Продажбата на смрзната храна и алкохолни пијалаци сè уште е голема, за разлика од непрехранбените производи, чиј пораст се намалува. Во меѓувреме продолжува подемот на е-трговијата, особено во Италија, Франција и во Шпанија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...