Свет

„Асда“ пробува машина за дезинфекција на колички

27 Jul 2020

Трговецот „Асда“ во еден од своите објекти нуди машина за перење на количките за пазарување, која може темелно да ги исчисти количките во рок од 15 секунди. 

Системот за перење дејствува така што ги покрива количките со ситни честички од антимикробен раствор. Работи на струја и ги опфаќа сите површини што купувачите ги допираат, како што се рачките, шините и детските седишта. Во процесот воопшто не се користи вода. 

На крај, после дезинфекцијата, вработените ги носат количките на своите места во влезот на маркетот. 

Знаеме дека сигурното и хигиенско опкружување за купување е нешто за што многу размислуваат и нашите купувачи. Оваа машина користи нова технологија за да се осигураме дека количките се целосно дезинфецирани пред употреба, соопштија од „Асда“. 

Машината ја направи британската компанија„ВастеКаре Груп“. Еден резервоар со антимикробен раствор може да исчисти до 20.000 колички. 

Машината ја развивме за да им помогнеме на трговците во следниот чекор од борбата со пандемијата, а тие да им помогнат на купувачите да купуваат безбедно. Сјајно е да се видат трговци како „Асди“ кои пробуваат нови и иновативни решенија, соопштија од компанијата. 

Претходно, „Асди“ пробуваше и целосно автоматизирани роботи за чистење на подовите во неколку свои продавници, како дел од континуираните напори на трговецот „да пронајде иновативни начини како да им помогне на купувачите безбедно да купуваат“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...