Свет

Evian претстави нов дизајн на шишињата минерална вода

24 Jul 2020

Evian, француски бренд на минерална вода, го објави новиот редизајниран изглед на своите шишиња, кои повеќе нема да имаат пластични етикети. 

Наместо тоа, називот на брендот ќе биде релјефно впишан на самото шише. Целта на брендот е до 2025 година целосно да премине на рециклирана пластика во својот производствен процес, отфрлајќи ги етикетите кои се изработуваат од пластика за еднократка употреба и користејќи рециклирана пластика за изработка на самите шишиња.

Засега редизајнот се однесува само на пакувањата од по 400 милилитри, но плановите на Evian се целосна имплементација на сите шишиња до 2025 година.

Новите шишиња првично се достапни во Франција, а од септември ќе ги има во продажба и во Малезија, Мексико, Филипини, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и во Виетнам.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...