Свет

Во Романија затворена фабрика за месо, заразени 93 вработени

20 Jul 2020

Прекинато е производството во фабрика за преработка на месо во западниот регион Темиш во Романија, откако се регистрирани 56 работници заразени со вирусот Ковид-19. 

Досега, вкупно 93 позитивни случаи на вирусот се регистрирани во таа фабрика.

Како што е наведено, производството ќе продолжи по темелно санирање на производниот погон и дезинфекција, како и по повторното тестирање на вработените, кои имале негативни тестови.

Во тек е епидемиолошка истрага, а на местото на настанот се експерти од Управата за јавно здравје.

Заразените од фабриката се во домашна изолација затоа што покажале поблаги симптоми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...