Свет

„Торгсервис“ почна да работи во Литванија

25 Jun 2020

Дисконтерот „Мере“, кој е во сопственост на руската трговска групација „Торгсервис“, почна да работи и во Литванија, откако минатата година стигна и на германскиот пазар.

Засега „Мере“ нуди многу ограничен асортиман на производи, кои, од друга страна, имаат дури 20 отсто пониски цени од националниот просек. Од трговскиот синџир порачаа дека во иднина, понудата ќе биде дополнително проширена.

Интересен е и целокупниот концепт на продавниците. Имено, наместо да се поставуваат на полици, производите се наоѓаат на дрвени палети, кои изгледаат како магацин за храна. 

„Мере“ е втор по големина дисконтер во Литванија, откако „Лидл“ влезе во земјата пред четири години. Во тој период, германскиот синџир се искачи на трето место по пазарно учество. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...