Свет

Прогласен најбезбедниот трговски синџир во ек на пандемијата

24 јун 2020

Британскиот трговски магазин „Гросер“ го прогласи „Асда“, кој е во сопственост на американски „Волмарт“, за синџир со најсигурни трговски објекти во Обединетото Кралство за време на пандемијата со коронавирусот.

Специјализираниот магазин, во соработка со истражувачката агенција „Шепер“, спроведе независна студија, при што биле посетени 500 различни објекти на трговците со најголем удел на британскиот пазар: „Асда“, „Теско“, „Сеинсберис“, „Морисонс“, „Алди“ и „Лидл“.

Според аналитичарите на „Гросер“, „Асда“ е на првото место во дури седум измерени безбедносни параметри, а конечниот резултат на овој малопродажен синџир изнесува 82%. Според тоа, купувачите имаат најмалку шанси да се заразат при пазарување во објектите на „Асда“.

За време на обиколката на продавниците, од „Шепер“, меѓу другото, мереле и колку се големи знаците за предупредување во објектите, колку често се поставуваат средства за дезинфекција, колку вработените доследно носат маски и дали трговците (и купувачите) го следат т.н. еднонасочен сообраќај во продажните објекти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...