Трговскиот синџир „Шпар“ ја отвори својата прва продавница за едно лице во Холандија.
Мобилната мини продавница е сместена во специјален „контејнер“, опремен со апарат за бесконтактно плаќање. Менаџментот на „Шпар“ верува дека форматот на продавницата е совршен за новите предизвици поврзани со ковид-19, бидејќи исто така обезбедува социјална дистанца, овозможувајќи влез на само еден купувач.
Од „Шпар“ соопштија дека мобилните продавници ќе ги постават на туристички локации, за да им овозможат на луѓето брзо и лесно да купуваат храна и пијалаци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.