Свет

Бразил: Во план е отворање 50 продавници „Меркадо екстра“

12 Jun 2020

Бразилската малопродажна групација ГПА планира да отвори 50 нови продавници „Меркадо екстра“ до крајот на 2020 година.

Новиот формат супермаркети, лансиран пред две години, веќе вклучува продажна мрежа од 100 продавници во шест држави.

Како што посочуваат од седиштето на компанијата, продавниците „Екстра супер“ кои биле претворени во „Меркадо екстра“ забележале двоцифрен пораст на продажбата и значително зголемување на бројот на потрошувачи, со постојан пораст на уделот на пазарот.

Само во првата година, порастот на продажбата на продавници надмина 20%, а се очекува понатамошно зголемување во 2020 година.

Како што посочуваат од овој малопродажен синџир, еден од факторите на успех е фокусот на ексклузивните производи од приватните трговски (особено Qualitá), кој има удел од 16% во продажбата.

Во текот на првиот квартал на 2020 година, вкупниот број на продавници „Меркадо екстра“ со приспособена структура за експресна испорака се зголеми за пет пати, од 10 на 50 продавници, додека продажбите преку интернет учествуваа со 4% од вкупната продажба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...