Свет

„Шпар“ инсталира автоматски екстерни дефибрилатори

11 Jun 2020

Неколку објекти на „Шпар“ во Белгија вградија автоматски екстерни дефибрилатори (АЕД) во продавниците.

Инсталираните уреди се заеднички финансирани од купувачите, кои донираа доброволно, и од сопствениците на продавниците. Уредите се инсталирани надвор од продавниците и се достапни и дење и ноќе за локалните жители. По почетниот период на испитување, иницијативата ќе се прошири на повеќе продажни места.

Инспирацијата за оваа акција потекнува од „Шпар“ – Ирска, каде што слична иницијатива постигна огромен успех, коментита Гвидо Сорет, директор за продажба во „Шпар Колрајт груп“ во Белгија.

Според Институтот за здравје во Белгија, околу 9.000 луѓе годишно доживуваат срцев удар, а од 17 до 30%, тоа се случува на јавни места. Со употребата на АЕД се зголемува веројатноста поединецот да преживее доколку добие срцев удар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...