Свет

„Меркадона“ лансира ново чоколадо

11 Jun 2020

Шпанскиот синџир супермаркети „Меркадона“ лансира чоколадо со висок удел какао како дел од својата приватна трговска марка Hacendado.

Чоколадото Negro 99% го произведува „Империал“, а ќе биде достапно во продажба во 1.636 продавници на „Меркадона“ во Португалија и во Шпанија.

Во согласност со политиката на транспарентност на трговците, сите информации за производот, доставувачот и за неговото потекло се наоѓаат на налепниците.

Како што истакнуваат, наменета е за љубителите на темно чоколадо со интензивен вкус. Чоколадото од 100 грама содржи најмалку 99% какао бидејќи е направено од само три состојки: какао паста, какао прав и какао путер. Исто така, нема дополнителен шеќер или засладувачи, а не содржи глутен.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...