Свет

Повеќе од 1.000 вработени од Х5 досега заболеа од коронавирус

04 Jun 2020

Во рускиот малопродажен синџир „Х5 ритеил“ досега од Ковид-19 заболеле повеќе од 1.000 вработени, а околу една четвртина од нив се веќе оздравени.

Извршниот директор на групацијата „Х5 ритеил“ – Игор Шектерман, истакнува дека во компанијата работат околу 260.000 луѓе, кои секојдневно комуницираат со купувачите и со доставувачите. Во интервју за „Би-би-си“, тој вели дека се подготвени да одговорат на предизвиците. Додава дека ако се открие дека болеста е присутна во една продавница, тогаш целиот тим оди во карантин.

Во соработка со специјализирани компании, трговецот спроведува целосна дезинфекција на просторот. Освен тоа, компанијата има и десетина тимови, кои во секое време се подготвени да ги заменат заболените колеги.

Извор: Retail.ru



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...