Свет

„О’кеј“ купи хипермаркет од „Х5 ритеил“

29 May 2020

Групацијата „О’кеј“ постигна договор со „Х5 ритеил“ и го купи хипермаркетот „Карусел“ во Санкт Петербург, со што верува дека ќе ја зајакне позицијата на продажната мрежа во стратешки важен регион.

„О’кеј“ купи објект со вкупна површина од 10.700 квадратни метри, од кои 4.400 квадратни метри се малопродажен простор. Со тој дополнителен простор, групацијата во северозападниот сојузен округ ќе достигне до површина од околу 185.000 квадратни метри.

Претходно, „О’кеј“ затвори две продавници во Ставропол и во Волгоград. Како што изјавија од компанијата, оваа одлука е донесена врз основа на стратегијата за зголемување на ефикасноста на работењето на хипермаркетите и приоритетниот развој на малопродажната мрежа во клучните региони.

„Х5 ритеил“ го почна процесот на трансформација на синџирот хипермаркети „Карусел“ во септември 2019 година, а планот е целиот процес да трае две години. Во моментов, околу една третина од планираниот процес на трансформација е завршен.

Продолжуваме да се фокусираме на развој на формати и концепти на урбани хипермаркети, затоа што веруваме дека тие имаат добра перспектива на пазарот за малопродажба на храна, рече Армин Бургер, извршен директор на групацијата „О’кеј“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...