Германскиот дисконтер „Лидл“ одлучи да го зголеми бројот на работни места и позиции за научници за 40% во споредба со претходната година.
Компанијата планира да прими повеќе од 2.400 нови специјализанти годинава. Учесниците во програмата за обука имаат можност да почнат кариера во „Лидл“ во секторите продажба, ИТ, маркетинг, управување со недвижнини или логистика.
Минатиот октомври „Лидл“ најави дека ќе ги зголеми платите на научниците оваа година. Имено, во текот на првата година на обука, вработените добиваат по 1.000 евра месечно, а со текот на годините, во зависност од програмата, тој надоместок се зголемува.
Кога станува збор за наоѓање нов персонал, трговецот најмногу се потпира на социјалните медиуми. Тој веќе неколку години има свои канали за кариера на „Инстаграм“, „Линкдин“ и на „Ксинг“, а неодамна и на „Тикток“. Освен новите можности за дигитално учење, „Лидл“ воведе и телефонска обука за сите студенти што ќе го завршат образованието во 2020 година, со која искусни ескперти ги подготвуваат за завршниот испит.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.