Речиси 300 продавници на трговскиот синџир „Жапка“ нудат услуги „клик & колект“ и достава до домот, благодарение на кои полските купувачи можат да купуваат преку интернет и потоа да ги преземат производите или да ги добијат на домашна адреса.
Томаж Бличарски, потпретседател за финансии и за развој на „Жапка“ – Полска, вели дека услугите „клик & колект“ и достава до домот ги нудат речиси 300 продавници во мрежата на трговецот. Тоа значи дека компанијата ги нуди овие услуги во околу 5% од своите подружници.
Како што истакнуваат од компанијата, „Жапка“ дополнително ќе ги развива овие услуги.
На почетокот од април годинава трговецот најави дека почнува со тестирање на услугата „клик & колект“ во Варшава и во Познањ. Освен тоа, „Жапка“ во втората половина од 2020 година планира да лансира и купување по пат на апликација. Поради пандемијата со коронавирусот, компанијата значително ја забрза работата на проектот.
„Жапка“ – Полска е сопственик на најголемиот синџир продавници во земјата, со повеќе од 6.100 продажни места, како и повеќе од 4.300 франшизни продавници. Продавниците секојдневно ги посетуваат речиси 2 милиони купувачи, а 12 милиони живеат на оддалеченост не повеќе од 300 метри од најблиската „Жапка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.