Свет

„Алди“ е за намалување на цените на месото и колбасите

21 May 2020

Без оглед на сегашната позиција на месната индустрија, „Алди“ повикува на брзо намалување на цените на месото и на колбасите.

 Како што пишува „Лебесмител цајтунг“, овој потег е оправдан поради моменталната состојба на пазарот, а „Алди норд“ и „Алди зид“ очигледно сакаат да ја искористат сегашната слабост на пазарот на свинско месо за да ги намалат цените на овие производи.

Наша заедничка цел треба да биде да го искористиме овој динамичен развој за многу кратко време и да го претвориме во атрактивна понуда за нашите потрошувачи, велат од „Алди“.

Имено, „Алди норд“ и „Алди зид“ планираат да ги намалат цените до 29 мај. Во разговорите со купувачите се споменува и ретроактивното барањето за намалување на набавните цени до 1 јуни, што според доставувачите не е во ред.

Намалувањето на цените во „Алди“ секако ќе биде сигнал и за другите трговци да направат нешто слично, така што се очекува да ги следат „Лидл“, „Кауфланд“, „Едека“ и „Реве“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...