Свет

„Фејсбук“ ги претстави Facebook Shops

20 May 2020

„Фејсбук“ почнува со нова услуга-Facebook Shops, која ќе им овозможи на бизнисите да изложуваат и продаваат производи на платформите на најголемата социјална мрежа во светот.

Мислам дека ова е особено важно сега, затоа што многу мали бизниси се преместуваат на интернет за справување со економските последици од Ковид-19, напиша извршниот директор Марк Цукерберг на личниот профил на „Фејсбук“.

Мрежата ќе работи во соработка со компанијата „Шопифај“ (Shopify) и со седум други платформи за е-трговија.

Интернет-продавниците ќе бидат достапни преку „Фејсбук“ и „Инстаграм“, а ќе има и опција за плаќање преку платформите. Купувачите ќе можат да комуницираат со трговците преку „Ватсап“ и „Месинџер“.

Услугата Facebook Shops ќе биде бесплатна за бизнисите и се очекува да го зголеми интересот на потрошувачите, што ќе доведе до пораст на платеното рекламирање.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...