Свет

„Марс“ донира производи на Црвениот крст во Србија

20 May 2020

Компанијата „Марс“ донира 27.000 производи – Mars, Snikers и M&M’s на Црвениот крст во Србија.

Донацијата вредна повеќе од 1,5 милиони динари (речиси 13.000 евра), Црвениот крст ќе ја проследи до здравствените работници низ цела Србија, како знак на благодарност за нивната посветеност и заложба во борбата против коронавирусот.

Благодарница за вложениот труд и за солидарноста, во вид на слатки пакети, ќе им биде доделена и на волонтерите на Црвениот крст на Србија, се наведува во соопштението.

На глобално ниво, „Марс“ издвои 20 милиони долари во готовина и производи за поддршка на стотиците заедници во кои работи, како и за заедниците од кои набавува суровини, кои се најтешко погодени од пандемијата со Ковид-19.

Веруваме дека светот што сакаме да го видиме утре почнува со начинот на кој денес работиме. Затоа, важно е да се поддржуваме едни со други и веруваме дека компаниите имаат голема одговорност во овие необични околности, посочи Предраг Милинчиќ, регионален директор на компанијата „Марс“.

Компанијата се приклучи и на хуманитарната акција #WakeUpCall, организирана од порталот „Маркетинг мрежа“ во соработка со други компании. Со акцијата се обезбедени пакети со храна за самохрани родители, семејства без основни приходи и за бездомници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...