Свет

„Лидл“ активира четбот на „Ватсап“

19 May 2020

„Лидл“ во Ирска активира четбот на „Ватсап“, со помош на кој купувачите можат да добијат информации кога е најдобро време за купување во локалните продавници.

Четботот е прв таков модел, кој трговецот го лансира првпат во Ирска. Иновативниот пристап ги користи податоците во реално време и броевите на трансакциите на купувачите, за да одреди кои часови во денот се најмалку фреквентни. Во согласност со тоа, купувачите може да го испланираат купувањето.

Купувачите преку „Ватсап“ на четботовите им ги испраќаат денот и часот кога планираат да ја посетат продавницата. Четботот им одговара дали е мирно, просечно или прометно време за купување преку семафор-емотикон (црвено, жолто и зелено).

Извор: The Grocer



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...