Свет

„Aхолд Делез“ развива автоматски складишта за ладење

18 May 2020

„Ахолд Делхeз“ во САД инвестира 480 милиони долари за транзиција на мрежата на синџирот на снабдување во интегриран модел за самодистрибуција.

„Америколд“, најголемиот национален оператор на фрижидери и магацини за замрзнување, ќе изгради два целосно автоматизирани складишта за ладење за „Ахолд Делез“ во САД на дури 500.000 квадратни метри.

Во моментов, „Ахолд Делхeз“ има 16 традиционални центри за дистрибуција и е-трговија и тие планираат да го зголемат тој број на 23 објекти до 2023 година.

Новите уреди ќе имаат подобрена технологија која вклучува интегриран систем за управување со транспортот, технологија за предвидување и дополнување на производите и ќе бидат дизајнирани да го поддржат севкупното искуство и пораст на повеќе канали.

Преку оваа експанзија, ние ќе продолжиме да ја модернизираме дистрибуцијата, транспортот и синџирот на снабдување преку целосно интегриран модел на дистрибуција со кој директно ќе управуваат нашите компании. Ова ќе ја подобри ефикасноста и што е најважно, достапноста на свежи производи за клиентите на нашите локални брендови - сега и во иднина - кога и да било, каде и да одберат да купат, истакна од компанијата.

Новите магацини ќе обезбедат просечно 200 нови работни места



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...