Свет

„Морисонс“ воведува ред за брзо купување

18 May 2020

Британскиот трговец „Морисонс“ овозможи посебен влез во продавниците за купувачите што доаѓаат по неколку производи, наречен „Speedy Shopping Lane“ (ред за брзо купување).

Четвртиот најголем трговец според пазарниот удел на Островот, го воведе овој вид услуга во сите продавници, обидувајќи се да ги избегне предолгите чекања и метежи.

Во соопштението на „Морисонс“ се наведува дека оваа услуга е наменета за потрошувачите што доаѓаат да купат само неколку производи, односно да им овозможи на тие купувачи да не чекаат во ред за мали набавки.

Чесно е купувачите што купуваат помали количества помалку да чекаат во редот, рече Дејвид Потс, извршен директор на „Морисонс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...