Свет

Германија влезе во рецесија

16 May 2020

Германската економија се намали за 2,2% во првиот квартал годинава, што претставува најголем квартален пад од финансиската криза во 2009 година.

Тоа беше потврдено по објавувањето на официјалните податоци од најсилната економија на Европа.

Германија доживеа пад на БДП во два последователни квартала, што технички значи дека паднала во рецесија. Земјата забележа и пад на вработеноста, прв од 2013 година.

Германскиот министер за финансии, Питер Алтмаер, минатиот месец предупреди дека поради пандемијата на коронавирусот земјата се соочува со најлоша рецесија во повоената историја.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...