Свет

Данска го отвори целиот малопродажен сектор

12 May 2020

Данските трговски центри од вчера повторно работат, откако оваа скандинавска земја влезе во втората фаза на повторно отворање, по паузата поради пандемијата ид коронавирусот.

Помалите продавници се веќе отворени, а целиот малопродажен сектор, вклучувајќи ги и трговските центри, беше дозволено повторно да се отвори на 11 мај. Рестораните и кафулињата ќе бидат отворени една недела подоцна.

Резултатот од преговорите со соседните земји за граничната контрола и забраната за патување, ќе бидат објавени до 1 јуни, соопшти Владата.

Коментирајќи го овој потег, голем дел од компаниите ја поздравија оваа одлука.

Извор: esmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...