Компанијата „Унилевер“ ја повлече прогнозата што претходно ја направија нејзините аналитичари за цела 2020 година.
Претставници од компанијата велат дека во овој момент, експертите не можат со сигурност да ги проценат последиците од корона вирусот врз работењето.
И покрај тешките услови, предизвикани од пандемијата на Ковид-19, прометот на „Унилевер“ во првите три месеци од 2020 година остана речиси непроменет – 12,4 милијарди евра, што претставува пораст од 0,2% во споредба со истиот период минатата година. Сепак, аналитичарите за овој период прогнозираа 12,77 милијарди евра.
Мерките за затворање на продавниците, кои беа усвоени во многу земји поради пандемијата, значително влијаеја врз однесувањето на купувачите. Од почетокот на годинава, „Унилевер“ продаваше најмногу хигиенски производи, односно сапуни, гелови за туширање и практична храна, т.е. супи. Продажбата на другите категории производи, на пример, сладоледите – забележаа нагло намалување.
Поради нестабилната ситуација, траењето на пандемијата и неизвесноста кога ќе заврши, компанијата одлучи целосно да ја повлече претходната прогноза за 2020 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.