Свет

Недоволни резерви на лук на глобално ниво

30 Apr 2020

Светскиот пазар на лук, практично, е празен. Резервите се ограничени и сè што ќе се пушти во продажба, брзо се продава.

Некои земји, како што е Египет, ја искористија оваа ситуација и нивниот извоз се зголемува. Се чека новата берба од Кина и од Шпанија. Родот на лукот е добар, но прашање е дали ќе има доволен број работници да го оберат.

Во Шпанија се забележува недостиг од работници за берба и за пакување лук, а стари резерви практично и нема. Производството на лук бара многу напорна работа, а поради затворените граници, се оневозможува работата на сезонските работници, кои тоа го работеа во текот на изминатите години. Шпанската влада се обидува да го надмине проблемот со вработување преку берзата на работа, но тој процес е бавен, бидејќи луѓето треба да ја научат работата. Луѓето од секторот се согласуваат на преземањето на германскиот модел, кој дозволува привремени договори за сезонските работници во земјоделскиот сектор.

Во поголемиот дел од земјите на Европа недостасува лук, што доведе до зголемување на цените, некаде дури и до 30%. Тоа е добра вест за одгледувачите, кои во последните неколку години имаа голем притисок за намалување на цените.

Наскоро се очекува и нова берба од Кина, која по корона-кризата брзо се врати на производството. Во текот на следните 6 месеци се очекуваат нови количества, по што најверојатно ќе следува пад на цените на лукот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...