Свет

Ќе се преполови производството на банани

27 Apr 2020

Производителите на банани од Филипините предупредуваат дека извозот на ова овошје во светот оваа година би можел да се намали за 40% поради ограничување на движењето предизвикано од пандемијата со корона. 

Извозот на банани од Филипините се очекува да се намали на 2,5 милиони тони оваа година, во однос на четири милиони минатата година, вели Стефен Антиг, извршен директор на асоцијацијата на производители и извозници на банани на Филипините. 

Бананите скапуваат затоа што поради полицискиот час во многу држави, производителите не можат да ги берат секој ден.

Филипините сочинуваат околу 20% од глобалната мрежа за снабдување со ова овошје и околу 90% од вкупниот извоз на банани во Азија. Главниот остров на Филипините, Лузон е под карантин од средината март, а така ќе остане до крајот на овој месец. Провинциите во јужниот дел на Филипините, каде има многу плантажи со банани, исто така имаат воведено рестриктивни мерки за да се спречи ширење на коронавирусот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...