Свет

Зошто „збудале“ цената на нафтата?

22 Apr 2020

Какви времиња! Купувачите добиваат сурова нафта на подарок, а згора на тоа уште и премија. Дали тоа се должи само на коронавирусот или на специфичностите на пазарот на нафта? Пренесува: Дојче Веле 

Што се случува на пазарите на нафта?

Цените на нафтата уште во текот на изминатите недели паднаа драстично поради корона-кризата. Освен тоа, имаше несогласувања меѓу картелот ОПЕК и други земји производители на нафта. Сега, на почетокот на неделата, стигна реализацијата на одредени договори за достава на нафта. Само што магацините се полни, што значи немало воопшто или имало премалку физички купувачи. Тоа вчеравечер ја турна цената на ВТИ-нафтата (West Texas Intermediate) во негатива.

Како се креира цената?

Цената на нафтата се заснова пред се’ врз принципот на понуда и побарувачка. Поради пандемијата во светот има економски застој, нема побарувачка, па цените паѓаат буквално до патос. Фирмите нарачуваат помалку нафта, авиокомпаниите ги имаат приземјено своите летала, а потрошувачите се дома и не возат толку автомобили како пред пандемијата.

Кои договори за нафта го предизвикаа ценовниот шок?
На денешниот 21 април истекува рокот за т.н. терминирани зделки за месец мај. Тоа значи - кој на овој ден има договор в рака, нему му припаѓа соодветната доставка на нафта. Таа тече во канистри за нафта, за чие користење мора да се плати. Сега треба да се достави нафтата за мај, но канистрите се веќе полни. Цената на преостанатите празни канистри се зголемува. Затоа инвеститорите побегнаа од договорите, тие не сакаат да си ги изгорат прстите.Дали падот е дело на шпекуланти?

И да и не. Договорите може да бидат атрактивни за шпекулантите. Тие, едноставно речено, се облог  на цената на нафтата во иднина, при што може да се добие и загуби. Во овој случај вклучените шпекуланти многу се преиграа. Но, многу фирми мора да ги обезбедат своите зделки на пазарот на сурова нафта. За тоа служат договорите со термини, какви што има на пример и за пченицата и кафето. Тие, во основа, овозможуваат доверливи и пресметливи цени за иднина. Но, во актуелнава ситуација речиси никој не ја сака нафтата чие доставување е предвидено со ваквите договори.

Дали од падот е погодена само американската нафта од сортата ВТИ?

Нафтоводите за ВТИ-нафтата завршуваат во американската сојузна држава Оклахома. Таму се наоѓа и најголемиот простор за складирање во светот. Во градот на складирање, Кушинг, меѓутоа, магацините се веќе полни. Преостанатиот празен простор за складирање сега чини околу десет долари за барел нафта, а цената веројатно ќе се зголемува и натаму. Европската нафта од сортата Брент има повеќе алтернативи при дотурот.

Зошто едноставно не се намали производството на нафта?Нафтените извори се главно повеќе или помалку под притисок. Штом еднаш ќе се продупчи, нафтата од тој извор тече постојано. Пред се‘ во случајот со нафтата добиена од шкрилци со помош на контроверзната фрекинг-техника во САД е тешко да се запре производството. Затоа, меѓу другото, во моментов има нафтени танкери на светските мориња - тие служат како пловечки канистри за нафта.Какви се последиците за нафтените концерни?

Тие, ако цените и натаму останат ниски, се’ повеќе ќе влегуваат во проблеми. Целата фрекинг-бранша во САД поради ниските цени е на работ на бездна. За да се стопанисува колку-толку, според набљудувачите, неопходно е нафтата да има цена од 50 долари за барел.

Зошто Трамп сега купува нафта?

За да се истакне. Американскиот претседател најави дека ќе се купуваат 75 милиони барели нафта за да се одржи цената на нафтата и со тоа да се наполнат националните резерви. Но, тоа е само капка на врел камен. Поефектен е договорот на Опек со други држави производители на нафта, како Русија, за намалување на дневното производство на нафта за 10 милиони барели. Експертите сметаат дека тоа ни оддалеку не е доволно со оглед на огромниот пад на побарувачка на нафта.

Извор: dw.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...