Романија воведе забрана за извоз на житарки, шеќер, масло и на други производи, за да ги задоволи потребите на домашниот пазар за време на пандемијата од вирусот корона.
Министерот за внатрешни работи на Романија Марсел Вела рече дека тоа е извонредно важна мерка и дека во текот на вонредната ситуација се опфатени следниве производи: јачмен, овес, пченка, соја, брашно, масло за јадење, шеќер, бисквити, кекси и сите пекарски производи.
Целта на забраната е задоволување на снабденоста на домашниот пазар додека трае кризата со вирусот корона.
Според новите мерки што ги претстави Вела, другите земји-членки на ЕУ може да ги купат наведените производи ако докажат дека се за домашна употреба и нема да бидат извезени.
Извор: novaekonomija.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.