„Нестле“ се здружи со организацијата „Реинфорест алајнс“ за да ја прошири употребата на технолошката блокчеин платформа IBM Food Trust за својот бренд на кафе Zoégas во Шведска.
QR кодовите се воведени на пакувањето на новиот асортиман 100% сертифицирани Rainforest Alliance печено и мелено кафе Zoégas, под името Summer 2020.
Со скенирањето на кодовите, потрошувачите можат да го следат својот производ кафе од местото на производство, бидејќи „Нестле“ ги користи податоците на „Реинфорест алајнс“. На овој начин компанијата обезбедува транспарентност преку сертификатот на организацијата.
Според „Нестле“, потрошувачите можат да добијат податоци за емјоделците, времето на жетва, потврда за трансакција на одредена испорака, како и информација за периодот на печење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.