Свет

Louis Vuitton ќе произведува и средства за дезинфекција

16 Mar 2020

Корпорацијата ЛВМХ, во чие сопствеништво се наоѓа и брендот Louis Vuitton, ќе ги искористи своите производствени капацитети за производство на средства за дезинфекција. 

Во борбата против коронавирусот, производителот на луксузна стока тврди дека сака да му помогне на светот во време кога има недостиг на средства за превенција од оваа вирусна инфекција.

Нашите гелови за дезинфекција ќе им бидат испорачани на здравствените институции веднаш и бесплатно. ЛВМХ ќе ги користи своите хали за производство на големи количини различни дезинфекциони средства, соопштија од француската корпорација. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...