Свет

„Пепсико“ го презема кинески Be&Cheery за 705 милиони долари

24 Feb 2020

„Пепсико“ го купува кинескиот бренд грицки Be&Cheery за 705 милиони долари.

Американскиот мултинационален производител на храна и појалаци порача дека купувањето на Be&Cheerry, брендот кој има производи од јаткасти плодови и суво овошје главно на кинеските платформи за е-трговија, е важен чекор кон остварувањето на целта да прерасне во водечка кинеска компанија за храна и пијалак која е фокусирана на потрошувачот.  

Be&Cheery додава нова можност за директниот купувач, позиционирајќи не нас да користиме локален бренд за натамошен пораст на е-трговијата, бренд кој може да опфати широко портфолио производи на повеќе канали. Исто така очекуваме да ги искористиме иновациските можности на Be&Cheery за покренување иновации на другите клучни пазари за раст на нашата компанија , изјави Рам Кришнан, извршен директор на „Пепсико“ во Кина.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...