„Кауфланд“ на своите полици стави вегански плескавици, ќебапи и ќофтиња.
Производите се направени од протеини од грашок, не содржат соја или вештачки засилувачи на вкусот.
Покрај веќе зголемената веганска понуда во нашите продавници, голем акцент ставаме и на одржливоста. Нашите три нови производи не содржат палмино улје и се произведуваат без генетски модифицирани намирници, соопшти трговецот.
„Кауфланд“ за во април најави лансирање на нови производи на основа на грашок, како и павлака за готвење направена на основа на кокосово млеко. Веганската линија содржи повеќе од 50 вегетаријански и вегански производи, како што се: тофу, бифтек, лазањи, сосови, јогурти, грицки и замена за млеко.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.