Козметичкиот гигант „Баерсдорф“ го презеде германскиот бренд со интересен назив „Stop The Water While Using Me" (Сопри ја водата додека ме користиш).
Двете компании имаат слични стратегии за заштита на животната средина и заеднички ќе одржуваат одржливи иницијативи. Производите се„Stop The Water While Using Me" и сега се продаваат во еко и биоразградлива амбалажа, која може да се користи по повеќе пати. Портфолиото на брендот го сочинуваат производи за нега на тело и коса, од кои повеќето се органски.
Оваа аквизиција одлично се вклопува во нашиот проект за одржливост, соопштија од „Баерсдорф“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.