Доколку корона вирусот наскоро не биде ставен под контрола, тоа би можело значително да влијание на меѓународниот синџир на снабдување во речиси сите индустрии, предупредуваат компаниите ширум светот.
Во споредба со избивањето на САРС во 2003 година, сега увозот од Кина во Австрија е четири пати поголем, а трипати поголем е извозот во Кина. Кина денеска е многу силно вклучена во синџирот на снабдување низ светот, ја опиша ситуацијата Мартин Глац, претставник на Стопанската комора на Австрија во Кина.
Се проценува дека корона вирусот би можел да го намали порастот на кинеското стопанство од планираните 6 отсто на најмногу 5,4 отсто, доколку вирусот до крајот на март не биде ставен под контрола.
Превозните компании го редуцираат бројот на бродовите кои пренесуваат стоки од Кина. Тоа е сериозна закана за контејнерскиот превоз, поради фактот во оваа земја се лоцирани едни од најпрометните пристаништа во светот.
Внимателност со испораките има и во регионот. „Хрватска пошта“ престана да испорачува мали пакувања од Кина па повеќе од 250.000 нарачани пакети во моментот се во мирување.
Иако авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите заради патниците, тие не можат да стигнат и до Хрватска. Ова значи дека малите пакети нарачани преку „AliExpresѕ“ од Кина нема да можат да се испорачуваат во овој момент. Од сабота до вторник, повеќе од 100.000 пакети што требаше да се испорачуваат на клиентите во Хрватска, останаа во магацини во Кина, појаснуваат од „Хрватски пошти“. Поштенските артикли од Кина до Хрватска доаѓаат исклучиво преку воздух.
Од поштата во Хрватска за прв пат објави дека добил известување од „KLM“, „Lufthansa LH“ и „Turkish Airlines“ дека тие ги прекинале летовите кон Кина за да го спречат ширењето на коронавирусот и дека тоа ќе влијае на испораката на пратките.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.