Маријн Декерс, генерален директор на „Унилевер“, поднесе оставка од функцијата.
На неговата позиција привремено е назначен Нилс Андерсен, соопштија од компанијата.
Како причина за оставката, Декерс ги навел зголемените обврски кон инвестициска советодавна компанија чиј основач е тој.
Андерсен се приклучи кон „Унилевер“ во април 2015 година. Беше шеф на ревизорска комисија, а потоа и претседател на Управниот одбор на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.