Компанијата „Баерсдорф“ лансираше свој, целосно нов бренд по повеќе од 30 години. Станува збор за линија кремови за тетовирана кожа.
Линијата Skin Stories е во продажба од крајот на септември. Таа содржи репаративен балзам за нови тетоважи, стик за заштита од сончање и дневен лосион за тело.
Линијата е лансирана во период кога производите за масовна употреба, како што е Nivea, губат популарност меѓу младите генерации потрошувачи, кои фаворизираат природни состојки и нови производи.
Од „Баерсдорф“ соопштија податоци според кои денес еден од петмина Германци има тетоважа. Половина од таа популација се жени на возраст од 25 до 34 години.
Skin Stories е производ на иновативната единица која во „Баерсдорф“ беше промовирана во јули, со цел да развива нови брендови и да ги засилива постоечките брендови, како што се Labello, 8X4 и Hidrofugal.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.