Германскиот трговец „Едека“ воведе нова линија за да ги означи козметичките производи од приватната трговска марка кои не содржат микропластика.
Линијата „Mikro-Plastikfrei” постепено ќе биде воведувана во вкупниот асортиман козметика без микропластика на „Едека“, кој брои околу 300 производи.
Овој потег ќе ѝ помогне на компанијата да ги истакне овие производи, а на купувачите да носат совесни одлуки за својот избор.
Во моментов, „Едека“ нуди околу 140 козметички производи без микропластика. Намерата е до 2020 година таа целосно да се отстрани од вкупниот асортиман козметика од приватната трговска марка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.