Свет

„Реве“ планира воведување на „непакувани“ краставици

26 Aug 2019

Германската групација се обврза да ја отстрани пластичната амбалажа од своите краставици, заштедувајќи до 260.000 килограми пластика годишно.

Трговецот соопшти дека соработува со „сите учесници во синџирот на набавка“ за развој на нови транспортни процеси кои ќе овозможат краставиците да се продаваат непакувани во продавниците дури и по вегетативната сезона во Германија.

Како што нагласи „Реве“, пластичната тенка амбалажа на краставиците има важна заштитна функција против дехидрација и оштетување, бидејќи краставиците се состојат од речиси 97% вода.

Кога станува збор за заштеда на пластиката и амбалажата го следиме целокупниот синџир на снабдување. Основниот услов е да се зачува квалитетот на производот и во текот на складирањето и транспортот, објасни Еуџенио Гуидочо.

Во екстремни временски услови можеби ќе биде потребно, во исклучителни услови, да се заштитат краставиците со тенок слој пластична амбалажа, за да се спречи прерано расипување. Меѓутоа, раководителите на маркетите „Реве“ и „Пени“ претпоставуваат дека најмалу 95% од краставиците може да се изложат без пакување. Тој потег е дел од целокупната стратегија на „Реве груп“ за отстранување на пластичната амбалажа од своите приватни трговски марки.

До крајот на 2025 година „Реве“ и „Пени“ имаат намера да употребат 20% помалку пластика во амбалажата на своите трговски марки, а до крајот на 2020 година да користат само сертифицирани суровини за пакување.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...