Свет

„Пепсико“ го купува јужноафриканскиот „Пионер Фудс“ за 1,7 милијарди долари

19 Jul 2019

Американската компанија за производство на безалкохолни пијалоци „Пепсико“ го купува „Пионер Фудс“, кој е еден од најголемите јужноафрикански производители и дистрибутери на голем број производи за храна и пијалоци, извозник во повеќе од 80 земји низ светот. 

Трансакцијата ја одобрија управите на двете компании, следни што треба да се произнесат се акционерите во „Пионер Фудс“ и регулаторните тела.  

Се очекува зделката вредна 1,7 милијарди долари целосно да се заврши во првото тримесечје од следната година. 

Во „Пепсико“ очекуваат дека „Пинер Фудс“ ќе им осигура солидна база за ширење на бизнисот во подсахарска Африка преку зголемување на производните капацитети и отворање нови продажни канали. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...