„Пепсико“ ќе ги замени пластичните шишиња со лименки, и во нив ќе продава и обична вода.
На тој начин гигантот планира да го намали пластичниот отпад, според советите на експерти за животна средина дека алуминиумот е многу полесен за рециклирање отколку пластиката.
Од следната година, водата Aqafina ќе се продава во алуминиумски лименки во рестораните за брза храна и останатите угостителски објекти во САД. Минералната вода Bubly ќе се продава само во лименки. Премиум водата LifeWtr ќе биде пакувана во специјални пластични шишиња кои можат повеќекратно да се рециклираат.
Според компанијата, на тој начин следната година ќе елиминираат повеќе од 8.000 тони пластичен отпад и околу 11.000 тони емисии на стакленички гасови.
Целите на „Пепсико“ се до 2025 година да ја направат нивната амбалажа 100 отсто рециклирачка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.