Компанијата L'Oréal доби статус „Triple A“ поради нејзините континуирани напори за заштита на животната средина.
Тоа е всушност, признание во форма на место на А-листата на непрофитното тело CDP (Carbon Disclosure Project), за климатските промени, за сигурност на водите и на шумите. Организацијата годишно набљудува околу 6.800 компании при што ги следи чекорите што тие ги преземаат за глобалното справување со климатските промени и притоа им дава оценки од А до Д-.
L'Oréal е една од само две компании кои оваа година добија оценка А во сите три категории, и единствена компанија на која тоа ѝ успева трета година по ред.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.